Во Скопје

За татко и син казни од по 2.000 евра за организирање веридба, за газда на ресторан 5.000 евра за организирање свадба

Основното јавно обвинителство Скопје предложи казни од по 2.000 евра за три физички и од 5.000 евра за едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје.

Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале веридба, на која присуствувале 30 гости.

„Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор“, пишува во соопштението од ОЈО.

Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

„Тој во објектот дозволил да се организира свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат“, информираат од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.

Казнениет налози се за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе