Јосифовска пред неколку дена потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за да му се одобри времен пасош на Камчев, но, додаде, по барање на шефицата Катица Јанева. Јосифовска вели дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише. „Ние како помошници на специјалниот јавен обвинител не можеме да ги менуваме нејзините одлуки“, изјави Јосифовска.
Утре се очекува да сведочи и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ на СЈО.