Во Обвинителството

За „Рекет“ денеска исказ ќе дава пратеникот Кирацовски

По пратеничката Фросина Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со случајот „Рекет“ исказ треба да даде и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Пратеничката Ременски вчера повеќе од два часа даваше исказ во Јавното обвинителство за, како што рече, сѐ што е поврзано со случајот „Рекет“, со Меѓународниот сојуз и сѐ што е во интерес на истрагата. Таа пред новинарите рече дека со индигнација ги отфрла сите поврзувања.

Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Мицевски пред Обвинителството рече дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите, но ги поздрави со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе