Јавно обвинителство

За прекршување на самоизолацијата досега за 45 лица казни од 2.000 до 4.500 евра

Основните jавни обвинителства предложиле да се казнат вкупно 45 лица во Македонија заради непочитување на мерките за изолација заради спречување на ширењето на коронавирусот во периодот од 17 до 20 март. 

Во збирната информација од државното Јавно обвинителство стои дека на дел од нив веќе им се изречени казни од 2.000, 2.500 до 4.500 евра, а за останатите се чека судска одлука. 

Најмногу казнети лица се од Кавадарци-9, 2 се од Гевгелија, тројца од Гостивар, 2 лица од Струмица, 5 од Битола, двајца од Куманово, седум се од Прилеп, двајца од Дебар, еден од Кочани, петмина се од Скопје и по еден од Струга и од Ресен.

Кавадарци

Обвинетиот влегол во државата на 16 март враќајќи се од Германија како средноризична земја. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот од страна на полициски службеници при контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот. Казнет е со 2.500 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од Германија и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казната е 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од Шпанија и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казната е 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од ризична земја и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Изречена е казна од 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од ризична земја и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казна од 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од Холандија и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казна од 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од ризична земја и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казна од 2.000 евра.

На 16.03 обвинетиот  влегол во државата од ризична земја и потпишал Изјава за самоизолација, но при контрола на 17.03 не бил во домот. Казна од 2.000 евра. 

Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал спротивно на Одлуката донесена на Дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија од 28.02.2020 година, според која сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во ризична земја за ширење на коронавирусот COVID 19, треба да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата во која работат. Имено, и покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци. Изречена е казна од 4.500 евра.

Гевгелија

Обвинетите две лица на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Р.Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Казната е 2.000 евра за двете лица.

Струмица

Обвинетите, мајка и ќерка, 56 и 35 години,вo Струмица на 27 и 28 февруари во повеќе наврати се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките. Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале.

Битола

На 18.03..2020 година, пет лица од семејство, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија.

Куманово

Обвинетиот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација, бидејќи доаѓа од Република Австрија како ризична земја во однос на ширењето на епидемијата. Притоа прифатил самоизолацијата да ја извршува во неговиот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на службени лица од СВР Куманово обвинетиот не бил затекнат во домот. Кзна од 2.000 евра.

Обвинетиот на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во траење од 14 дена, бидејќи доаѓа од Република Италија како земја со висок ризик за ширењето на епидемијата. Самоизолацијата требало да ја извршува во неговиот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на службени лица од СВР Куманово обвинетиот не бил затекнат во домот. Казна од 2.000 евра.

Прилеп

Обвинетиот во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот прилепчанец во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот, жител на с. Горно Коњаре, во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот, жител на с. Житоше, во државата дошол од разична држава, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишал изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници на 18 март не бил затекнат во домот, па со тоа го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Дебар

Обвинетиот сопственик на угостителски објект не постапил според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.  При контрола од страна на службени лица од ОВР-Дебар е утврдено дека, иако во градот е прогласена кризна состојба, локалот на лицето било отворен за да им пружи услуга на граѓаните.

Обвинетиот сопственик на интернет клуб не постапил според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.  При контрола од страна на службени лица од ОВР-Дебар е утврдено дека, иако во градот е прогласена кризна состојба, локалот на лицето било отворен за да им пружи услуга на граѓаните.

Кочани 

Обвинетиот на 17.03.2020 година по четиридневен престој во Шведска – земја со висок ризик од зараза со вирусот КОВИД -19, се вратил во РС Македонија каде на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје бил запознаен со определените мерки за сузбивање и спречување на внесување и ширење на корона вирусот и потпишал изјава за задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. Свесен за своето дело и сакајќи да го изврши, не постапил според определените прописи и упатства, туку наредниот ден го напуштил домот и дошол во Основниот суд во Кочани.

Скопје

Обвинетиот по пристигнување од земја со висок и среден ризик на 16 март, потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 март, од страна на овластени службени лица, не бил затекнат на наведената адреса.

Обвинетиот по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 18 март, потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 19 март, од страна на овластени службени лица, не бил затекнат на наведената адреса.

Обвинетиот по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 17 март, потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 март, од страна на овластени службени лица, не бил затекнат на наведената адреса.

Обвинетиот по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16 март, потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 март, од страна на овластени службени лица, не бил затекнат на наведената адреса.

Обвинетиот по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 17 март, потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 март, од страна на овластени службени лица, не бил затекнат на наведената адреса.

Струга

Обвинетиот 36-годишен жител на струшкото село Драслајца, на 16 март со камион пристигнал на граничниот премин Табановце и пријавил дека патувал од Данска како земја со среден ризик за зараза со вирусот COVID 19. На граничниот премин бил запознаен со определените мерки за сузбивање и спречување на внесување и ширење на вирусот и потпишал изјава за задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. Но, уште истиот ден се јавил за излез кон Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, преминал во Република Албанија и повторно се вратил во државава истиот ден преку истиот граничен премин. На 18 март повторно не бил затекнат во домот.

Ресен

Обвинетата која на 17.03.2020 година се вратила од Р.Словенија – земја со среден ризик на зараза наместо да постапи според прописите и да се упати кон својот дом, таа заминала во Кичево во домот на својата другарка, откако телефонски била контактирана од страна на полициски службеници од ОВР Ресен пристигнала во својот дом. 

Обвинетиот на 16.03.2020 година пристигнал од Кралството Холандија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација и на , на граничниот премин Табановце примил писмена наредба и потпишал изјава со која се обврзува дека во наредните 14 дена ќе спроведе самоизолација во својот дом во с. Стење, ресенско. На 18.03.2020 година при извршени две проверки од страна на полициски службеници обвинетиот не бил пронајден во неговиот дом

Кичево

Обвинетиот на 15 март влегол во Република Северна Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом.

Охрид

На 9 март годинава, 47- годишната македонка допатувала од Р. Швајцарија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин Ќафасан. Иако на 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар.

Гостивар

Обвинетиот на 13 март влегол во Република Северна Македонија по што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но при проверка на полициските службеници на 19 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом.

Обвинетиот на 17. март послужувал гости седнати на маси во внатрешноста на неговата кафетерија во с. Добридол, гостиварско. Со тоа, обвинетиот со умисла не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе