За предметите во фиока Обвинителството нема да го гони Јово Вангеловски

Обвинистелството нема да го гони кривично поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за предметите кои наводно ги чувал во фиока до застарување, бидејќи постоеле само основи за одговорност пред Судскиот совет, а судијата веќе бил разрешен. Од Обвинителството додаваат дека произлегло дека нема основи за сомневање дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција во однос на известувањето од 29.10.2019 година на Врховниот суд на РСМ, во кое се наведени предмети кои биле затекнати по донесените одлуки за времено оддалечување од вршење на судиската функција на тогашниот претседател на Врховниот суд и на уште еден судија. Надлежниот јавен обвинител ја донесе резолуцијата, бидејќи од кривично-правен аспект произлезе дека нема основи за сомневање дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.

Имено, ова известување Врховниот суд на РСМ најнапред го доставил до Судскиот совет на РСМ, кој потоа го препратил до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по што предметот беше проследен во надлежност на ОЈО Скопје.

По приемот на ова известување заедно со записникот од седницата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд, одржана на 03.10.2019 година, ОЈО Скопје направи проверки во Врховниот суд на РСМ и во Судскиот совет. Воедно, во обвинителството беше испитан и поранешниот претседател на Врховниот суд кој даде исказ, а подоцна и писмено приложи појаснувања преку свој бранител.

Од направените анализи и од наведените проверки произлезе дека констатираните состојби во извештајот и записникот на Врховниот суд на РСМ упатуваат на оценка за нестручно и несовесно вршење на функциите судија и претседател на суд што е во надлежност на Судскиот совет на РСМ. Но, пријавениот претседател на суд веќе бил разрешен од судиската функција по друг основ.

Од кривично-правен аспект, пак, обвинителството не утврди дека постојат основи на сомнение дека било извршено кривично дело кое се гони по службена должност, се вели во соопштението.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе