Се води предистражна постапка

За пожарот во модуларната болница во Тетово Обвинителството го чека вештачењето од германските експерти

Основното јавно обвинителство во Тетово за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, го чека вештачењето од германските експерти. Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош. Во одговорот што МКД.мк го доби од Обвинителството велат дека предметот е во фаза на предистрага и интензивно се постапува по утврдување на фактите.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка во која интензивно се постапува за утврдување на фактите. Пристигнато е вештачењето од МВР ОКТИВ (ддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења) кое Обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од електроинжинер. Извештаите се пристигнати во обвинителството и се анализираат во корелација со останатите пристигнати докази. Се очекува вештачењето од германските експерти кое беше побарано преку меѓународна правна помош, кое се уште не е пристигнато", ни одговорија од Обвинителството.

Од таму додаваат дека во меѓувреме се сослушуваат сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот.

Премиерот Зоран Заев а 4 октомври, годинава побара од МВР да го објави Извештајот кој што го испратиле до Обвинителството, а кој се однесува и е дел од истрагата за пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица. Заев рече дека јавноста очекува одговори, а порача дека МВР треба да го објави извештајот, а Обвинителството да продолжи со истрагата.

По ова беше објавен Извештајот. Вештачењето утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, соопштија тогаш од Јавното обвинителство.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица, информираат од Јавното обвинителство.

По воочена појава на пламен, отенцираат од ЈОРСМ, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.

„Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите/просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот“, информираа оттаму.

„Од Јавното обвинителство посочуваат дека ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази и најавуваат дека се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Велат дека обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.
По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, информираа тогаш од Обвинителството.


 К.Д. 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе