По заканата испратена до второстепените судии

За пораката со „Тресењето од гаќи“ Русковска испрати писмо до Советот на јавни обвинители

Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска го испратила писменото образложение до Советот на јавни обвинители. Во писмениот допис напишан на неколку страници Русковска објаснила за испратената порака во која пишуваше: „Ако ти и советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Поради судии како Вас никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите". 

Оваа порака ги крена на нозе судиите од второстепениот суд, кој  пред неколку дена одржаа итен колегиум.

Тројцата судии, Јани Нича, Сафет Кадриу и Зоран Димитриевски од Апелацискиот суд во Скопје одлучија да ја укинат мерката притвор за Јанева и да и определат мерка куќен притвор. 

Јанева заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски се обвинети во постапката за „Рекет“ за која судењето е закажано за 3 декември. 

Од Совет на јавни обвинители треба дополнително да го соопштат нивниот став во врска со оваа порака од обвинителката. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе