Известување од МВР до Судот за „ТНТ“

Македонските правосудни органи сѐ уште го водат Груевски како недостапeн

За надлежните во државава поранешниот премиер Никола Груевски е недостапен на органите на прогонот. Иако Груевски од време на време ќе се огласи на социјалните мрежи и сите знаат дека е во Будимпешта, тој за македонските правосудни органи е недостапен на органите на прогонот.

На денешното рочиште за случајот „ТНТ" судијата Огнен Ставрев извести дека судот по службена должност има обврска на секои 6 месеци да испраќа барање до МВР во врска со распишаната потерница од МВР, но од Полициската станица во Кисела Вода до Основниот кривичен суд било испратено известување дека лицето Никола Груевски е недостапен на органите на прогонот.

„Известувањето за обвинетиот Никола Груевски е исто, само се менуваат датумите. Тој и натаму е недостапен на органите на прогонот", рече судијата Огнен Ставрев.

Груевски е обвинет и во „ТНТ“ и оваа постапка од утре се враќа на почеток. 

Во име на Груевски во оваа постапка ќе постапува адвокат по службена должност. 

К.Д.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе