Додека граѓаните се прашуваат дали ќе останат без парно

За кривичната пријава од МВР против БЕГ стара речиси 3 години, Обвинителството сè уште води предистрага

Обвинителството води предистражната постапка за пријава стара безмалку три години. Граѓаните се во дилема дали од утре ќе имаат топли радијатори поради најавата на БЕГ дека немаат веќе гас. Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење, велат од БЕГ.

„За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона", соопштија вчера од БЕГ.

Основното јавно обвинителство води предистражна за начинот на коj Балкан Енерџи Груп односно трите ќерки фирми на компанијата која обезбедува парно греење, ја добиле лиценцата за вршење на енергетска дејсност, снабдување со топлинска енергија. 

„Предметот за кој покажувате интерес е во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје и е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која надлежен јавен обвинител презема дејствија и прибира материјални и вербални докази за утврдување на фактите и проверка на наводите во пријавата. Откако ќе бидат направени неопходните проверки, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување," се вели во одговорот на Обвинителството.

МВР уште во 2019 поднесе кривична пријава против поранешни членови на Регулаторната агенција за енергетика (РКЕ), поради издавање лиценца за работа на „Балкан енерџи груп", кој е операторот што снабдува најголем дел од Скопје со топлинска енергија, но и поради тоа што овозможиле оваа компанија незаконски да дојде до поголем профит.

Вкупната штета што со тоа им е нанесена на приклучените на парно во Скопје, кои биле корисници на БЕГ е проценета на 6,66 милиони евра.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Д.П. (51), пpетседател и член на РКЕ до јуни 2018 година, потоа С.Ј. (61), која е и поранешен и актуелен член на РКЕ, како и против В.К. (65) и Е.М.В. (51), поранешни членови на РКЕ до март 2017 година.

Тие се товарат дека спроотивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, во декември на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, без при тоа да бидат исполнети условите и критериумите објавени во ноември 2012 година со јавните повици за три оператори – за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Станува збор за фирмите „Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ", „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ" и „Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ".

Покрај тоа, како што наведе тогаш МВР, осомничените во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, противправно и спротивно на Правилникот за цени и системски услуги, донеле Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход, со кои на трите фирми од конгломератот Балкан Енерџи Груп им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход.

Вчера БЕГ информираше дека немаат повеќе ресурси за обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можат да продолжат со производство на топплина.

„Сепак енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за Енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци. Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, се уште не е најдено решение за овој горлив проблем. Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограниени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ оддополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден", додадоа од БЕГ. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе