За истрагите за перење пари Трендафилов очекува пресуди до крајот на годинава

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов очекува до крајот на годинава да има кривични пријави и пресуди за некои од предметите за перење пари, а кои, како што вели, се со суми во милионски вредности.

Докажувањето на перење пари, потенцира денеска Трендафилов, е прилично сложен процес.

„Пред месец и половина реков дека Управата за финансиско разузнавање работеше на предмети со прилични суми и тие се во истражни или во предистражни постапки и знаете, бидејќи и тогаш нагласив докажувањето на перење пари е прилично сложен процес. Но, во државата веќе постои едно чувство дека тие предмети ќе се процесуираат и ќе има пресуди за нив. До крајот на годината ние очекуваме, значи за повеќе предмети коишто ги водеше и СЈО и таму имаше предмети поврзани со перење пари, и Обвинителството за организиран криминал во моментот води предмети во кои имаме суми коишто се во милионски вредности, и сметаме дека до крајот на оваа година ќе имаме за овие предмети – поднесено и кривични, а некои ќе бидат и со пресуди“, рече Трендафиов, во одговор на новинарско прашање во однос на истрагите за перење пари.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе