Кривичен суд

За денеска е закажано сведочењето на Камчев за случајот „Меѓународен сојуз“

Бизнисменот Јордан Камчев за денеска е најавен дека ќе сведочи на рочиштето за „Меѓународен сојуз“. Тој во неделата беше притворен за наводен обид за бегство како осомничен во случајот „Плацеви на Водно“.

Неговиот адвокат Тони Менкиновски вели дека неговото апсење е поврзано токму со случајот „Меѓународен сојуз“. Власта се обидува некого да заштити со тоа што ќе се обиде да го оневозможи сведочењето на Камчев, вели Менкиновски.

Освен Бојан Јовановски, во „Меѓународен сојуз“ обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе