За злоупотреба на службената положба и овластување

За членот на Судскиот совет, Теофиловски обвинението за случајот со Тениското спортско здружение е монтирано

Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, обвинет за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“, во случајот за Тениско спортско здружение Љуботен Тетово, изјави дека воопшто не се чуствува виновен и посочи дека станува збор за монтирано обвинение.

Имам докази за сите, сите ќе бидете изненадени по чиј налог тоа се прави, рече Теофиловски, кој најави дека поопширно ќе збори во воведните зборови.

Исто така и останатите обвинети Ајдин Нуредини, Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими, Цветко Наумовски и Идриз Реџепи во своите изјави пред Судот се произнесоа дека не се чуствуват за виновни.

Според, обвинението, обвинетиот Зоран Теофилоски, како одговорно лице – Претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – Управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

Следното рочиште за овој случај е закажано за 2 јули. 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе