Поради здравствената состојба на двајца од обвинетите

За 6 септември одложено судењето за случајот со Тенискиот клуб „Љуботен“

Влошената здравствена состојба и отсуството на обвинетите Ајдин Нуредини и Цветко Наумовски, го одложи денешното рочиште за случајот со Тенискиот клуб Љуботен ДОО Тетово, во кој, според обвинителството, е прибавена имотна корист во вредност од 22.050.000 на штета на државата. Судијката Васка Николовска Масевска, судењето за овој случај го закажа за 6 септември. Во предметот како одговорно лице - претседател на клубот, е обвинет и Зоран Теофиловски, инаку член на Судскиот совет, 

Теофиловски на првото рочиште за овој предмет изјави дека воопшто не се чуствува виновен и рече дека станува збор за монтирано обвинение. И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Застапник на обвинението  е јавната обвинителка Милица Гаврилова.

Според обвинението, Зоран Теофилоски, како одговорно лице – претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе