Со одлука на тетовскиот суд

За 30 дена продолжен притворот за уапсените по протестот во Тетово од минатиот петок

Тетовскиот основен суд го прифати барањето на Основното обвинителство и донесе одлука за 30 дена да биде продолжен притворот на петтемина уапсени лица кои се судрија со полицијатга за време на протестите минатиот петок во Тетово, кои беа организирани поради смртта на 14 лица во пожарот во модуларната болница. Информацијата ја потврди Бесник Асани, адвокат на организаторот на протестот Блерим Ахмети.

Првично, судот им определи мерка притвор во траење од осум дена на Блерим Ахмеди, Насер Бехлули, Ветон Алити, Арјан Шерифи и Џeмал Садики, што значи дека тие остануваат во притвор.

Минатиот петок во Тетово беше организиран голем протест, а демонстрантите бараа оставки од градоначалничката Теута Арифи, од целата Влада, како и од лидерот на ДУИ Али Ахмети од партиската функција. Незадоволството врз локалната власт беше изразено со фрлање јајца врз зградата на Општина Тетово, а демонстрантите минувајќи низ улиците на Тетово, се обидоа да протестираат пред седиштето на ДУИ во населбата Мала Речица, но полицијата, како и формирани кордони од специјални полициски единици спречија демонстрантите да се доближат до партиската зграда.

Во бркотницата и судирите со полицијата имаше и неколку повредени полицајци, по протестот беа приведени неколку лица, а за петтемина беше определен притвор.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе