Мерката притвор им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.
Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.
„Обвинетиот Миле Јанакиески во моментов има две решенија за притвор така што ако вечерва не го најдат во неговиот дом веројатно ќе побараат да се определи притвор по другиот предмет“, рече неговиот адвокат Еленко Миланов.
Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет.
Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.