Во Основниот суд Скопје 1

За 23 април пресуда за убиството на Никола Саздовски

На 23 април во Основниот суд во Скопје ќе биде соопштена пресудата за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски. Денеска во судот беа изречени завршните зборови. Судењето за убиството на Саздовски почна лани во ноември. 

Според обвинителниот акт, Бесир Беља и Скендер Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство и за кого е распишана потерница, крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид" на булеварот Александар Македонски во Автокоманда.

Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза".

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе