Арсиќ вели сè уште ги немаат добиено одлуките

Врховниот суд не му ги пратил на Судскиот совет одлуките за постапките против тројца судии

Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд кои се однесуваат на два предмета, а со кои се опфатени тројца судии, и нема податок дали се укинати само одлуките за разрешување на судиите или се укинати и решенијата за суспензија, изјави денеска порптаролот на Судскиот совет Љубиша Арсиќ.

Арсиќ, во соопштение до медиумите, напоменува дека откако ќе пристигнат одлуките на Врховниот суд, согласно законот, постапките за судиите ќе бидат повторени.

„Како и да е, според Законот за судски совет, откако ќе пристигнат одлуките на Врховен суд, а праксата вели дека одлуките стигаат за неколку седмици, постапките за судиите ќе бидат повторени од страна на комисиите формирани во Судскиот совет, а потоа новите одлуки ќе бидат конечни“, рече Арсиќ.

Судскиот совет на 378 седница, одржана на 14 јули годинава, разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.

Тогаш, разрешените судии времено беа одалечени од вршење на судиската функција.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе