Врховниот суд не дозволи повторно судење за „Диво Насеље“, адвокатите велат дека правда ќе бараат во Стразбур

Одлуката на Врховниот суд да не се повтори судењето за случајот во Куманово, одбраната ја смета за флагрантно прекршување на законот, бидејќи не се земени предвид доказите на одбраната. Насер Рауфи оценува дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур. Врховниот суд донесе одлука со која не дозволи да се повтори судењето за Диво Насеље. 

Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, рече адвокатот Рауфи.

Како што објави Алсат на ваквата одлука реагираа и од Алијанса за Албанците, кои велат дека овој процес завршил без да сведочат Али Ахмети и Артан Груби, а притоа го обвинија Заев дека не објавил докази за овој случај.

„Кога Зоран Заев мамеше, тогаш кога го искористи случајот за власт или денес кога ги осудува седми пат по ред!? Обвинителството мора да постапи и во двата случаи, но како што знаеме е заробено и постапува само по диктат на Али Ахмети и Зоран Заев", рекоа од АА.

Адвокатот Рауфи, пак, вели дека со оваа одлука може да се формира тим за правна помош од меѓународната заедница.

"Мислам дека согласно законот за кривична постапка, мислам дека може да се направи да се формираат тимови од обвинителството на Северна Македонија и земјите инволвирани во овој случај, Република Косово, Албанија и Германија каде што има државјани на овие држави", додава адвокатот Рауфи.

Косовската претседателка Вјоса Османи на крајот на минатата година зборуваше за можна меѓународна истрага за овој случај, по средбата со нејзиниот колега Стево Пендаровски во Приштина.

„Видовме дека и самиот премиер Зоран Заев изрази подготвеност дека може да има меѓународна истрага или вмешаност на експерти од странство кои ќе се соочат со доказите поврзани со овој случај и ќе помогнат да се расветли случајот до крај. Во овој поглед, Република Косово ќе ја обезбеди сета потребна поддршка", велеше Османи.

Основниот суд Скопје на 02.11.2017 ги осуди членовите на кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.

Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои 7 се осудени на доживотен затвор.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе