Отфрлени жалбите на осудените

Врховен суд: Потврдени казните за „Тенк“, Јанкулоска и Груевски одат во затвор

Врховниот суд ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк", Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд, информираат од Врховен. 

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, соопштуваат од Врховниот суд.

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната. 

Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор.

Апелацискиот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк" ѝ ја намали казната затвор од шест на четири години.

Осудени се дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес", модел „С-600 гард", а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес".

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе