„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје. Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението на Врховниот суд Скопје.
Сеад Кочан е во затворот во Идризово и веќе ја издржува затворската казна која Врховниот суд ја потврди.
Управителот на компанијата „Трансмет", Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола" на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.