Врховен суд ја одбил жалбата за разрешувањето на судијката Софија Лаличиќ

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, информира Врховниот суд.

„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција“, соопштија од Врховен суд.

На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот, со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе