По наредба на Атанасовски

Вработен во УБК ги уништи хард дисковите од камерите, а Бошкоски ги фрли во Вардар, откри Нинџа

Од клупа во Градскиот парк Нинџа ноќта на 27 април патот го продолжил во база на Петтата управа на МВР. 45 минути по 22 часот, според исказот на Нинџа, Бошкоски му кажал дека ќе го земе некој инспектор. Локацијата на базата обвинетиот не ја кажа, но откри дека кога стасал таму, зад капијата го чекале Никола Бошкоски, тогашен началник на УБК и Сашо Марковски, исто така вработен во УБК. Пред судот обвинетиот откри дека причината зошто биле таму било уништувањето на хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.

„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.

По ова тој заедно со Никола Бошкоски се упатиле кон Автокоманда, но пред да стигнат на локацијата кон која тргнале, според исказот на Нинџа, застанале кај Ќерамидница и Бошкоски истурил цела кеса со уништени хард дискови во Вардар.

Нинџа посочи дека тука Бошкоски му појаснил дека Марковски уништувањето на хард дисковите го направил со хируршки ракавици и дека откако ги уништиле нема да има докази за нивните движења во Собранието. Својот исказ за 27 април обвинетиот Нинџа го заврши со тоа дека 45 минути по полноќ заминал дома.

По ова тој рече: „Ова е судија вистината за 27 април од моја гледна точка. А ова е само мал дел“ и продолжи да зборува за следниот ден.

Обвинетиот откри дека ден по настаните во Собранието, по наредба на Бошкоски требало да бидат избришани сите камери од „сејф сити“ (проектот за побезбеден град во кој МВР постави камери низ Скопје). Периодот во кој бил во бегство Нинџа го оправда со тоа што рече дека имал притисоци од Горан Грујевски. Собрал храброст да се предаде на полицијата во консултација со неговите адвокати.

Збпоруваше и за телефонската комуникација со неговиот брат, тогашен обезбедувач на поранешниот премиер Никола Груевски. СМС пораките кои си ги разменувале се дел од доказите на обвинителството. Нинџа појасни дека на неговиот брат му се јавувал и му праќал пораки додека бил на работен состанок во Виена, бидејќи тој бил загрижен за  здравствената состојба на нивната мајка која боледувала од карцином.

К.Д.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе