Пресврт во судењето за случајот со малата Тамара од Велес

Вработен во ФЗО сведочеше: Мајката на Тамара ми рече дека сакаат да бидат медицински азиланти во Германија или САД

„Госпоѓата Жаклина го разгледуваше и го држеше во раце решението за лекување во странство. Ми рече дека сакаат да бидат медицински азиланти во Германија или САД затоа што и другата ќерка, помалата сестра на Тамара, е тешко болна, односно има тешка срцева маана", сведочеше Хаџигогов кој рече дека од ФЗО била одобрена сума во висина од 33.000 евра.

„Јавноста во изминатиот период е доведена во заблуда бидејќи на мајката на малата Тамара и било понудено лекување во странствио. Сметам дека ова е пресврт во судењето и дека во понатамошниот тек на постапката само уште повеќе ќе се докажува околу, да не шпекулирам, средствата што се собрани и потрошени и средствата што се собрани и наменети, а не се употребени за лекување. Да оставиме судот да го утврди тоа“, рече адвокатот Љубомир Михајловски кој е бранител на обвинетите на денешното рочиште за случајот со малата Тамара Димовска од Велес која почина во 2015. година чекајќи операција на рбетот во странство.

На рочиштето во Кривичен суд денеска беа сослушани тројца сведоци и тоа Јадранка Мишкова, општ лекар од Службата за итна медицинска помош при велешката болница, Јован Грковски, државен советник во Министерството за здравство и Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравствено осигурување.

Сведокот Хаџигогов пред судот рече дека на 20. Јануари 2014. во просториите на ФЗО, на нејзино барање, остварил средба со мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска, на која ја известил дека од архива треба да го подигне решението за лекување на нејзината ќерка во странство, поточно во Турција.

„Сакаше да го види позитивното решение, но воедно сакаше да праша колкави се шансите за лекување на друго место. Исто така, Димовска од мене побара да види каква е на изглед болницата во Турција“, рече Хаџигогов.

Тој рече и дека мајката на Тамара од него побарала да се јави во некоја болница во Чикаго за каде наводно од нејзини пријатели била информирана дека цената за тамошното лекувањето од 250.000 долари може да се намали, или да замине Тамара во Турција, но во друга клиника, затоа што, како што рече сведокот мајката му рекла дека некој врвен стручњак и рекол дека ако замине во Турција токму во таа клинка „на девојчето ќе и ги извадат пршлените и ќе ги фрлат, а девојчето ќе остане кепец“.

„Госпоѓата Жаклина го разгледуваше и го држеше во раце решението за лекување во странство. Ми рече дека сакаат да бидат медицински азиланти во Германија или САД затоа што и другата ќерка, помалата сестра на Тамара, е тешко болна, односно има тешка срцева маана“, сведочеше Хаџигогов кој рече дека од ФЗО била одобрена сума во висина од 33.000 евра.

Хаџигогов рече дека мајката на Тамара му рекла дека немаат здравствено осигурување поради што за помалата ќерка ќе мора да плати 8.000 евра операција, на што Хаџигогов и рекол дека ќе посредува со подрачната единица на ФЗО во Велес да и го средат здравственото осигурување.

Претходно, Жаклина на прашањето зошто немаат здравствено осигурување, на Хаџигогов му рекла дека дале отказ на работните места и како што рече сведокот рекла дека „убаво живеат од донации“.

„Од болницата ми се јавија и рекоа дека Жаклина не ја однела помалата ќерка на закажаната операција и цел ден не им кревала на телефон. Во однос на решението, и објаснив дека треба со свој потпис да потврди дека го подигнала решението или да поднесе жалба, на што таа ми рече дека е во фаза на преговори за лекување во друга болница, исто така во Турција и дека во тој момент приоритет и е операцијата на другата ќерка, дека има време да поднесе жалба“ – рече Хаџигогов кој рече дека по неколку дена од средбата Жаклина му се јавила да се заблагодари за осигурувањето.

Сведокот откри и дека комисијата која била формирана да го испита целиот случај утврдила дека постои само еден запис за специјалистички преглед, а дека од сите одобрени лекови на рецепт и ортопедски помагала што и биле препорачани на Тамара ништо не било искористено.

Докторката од велешката Итна медицинска помош Јадранка Мишкова сведочеше за моментите кога девојчето било донесено без пулс и дишење.

„На моето прашање до родителите зошто не се јавиле на Брза помош тие ми одговорија дека се збуниле. Веднаш пристапивме кон белодробно-срцево оживување, апликација на адреналин, масажа на срце и вештачко дишење, по што по најкусиот пат беше пратена на реанимација во ЈЗУ Велес“, рече Мишкова.

Таа рече дека на градите на малата Тамара имала облога за која родителите рекле дека ја ставиле бидејќи неколку дена претходно била настината, а на прашањето зошто не се обратиле на лекар родителите рекле дека „малата не сакала“.

„Бидејќи има променет граден кош, многу бргу се менува клиничката слика, размената на гасови е поинаква и заситеноста со кислород брзо опаѓа“, појасни докторка Мишкова.

Сведокот Јован Грповски кој од ноември 2012. до август 2013. беше директор на Фондот за здравствено осигурување рече дека позитивно решение за лекување во странство било донесено.

„Во јануари беше донесено првото позитивно решение за лекување во странство кое се реализираше во есента 2013. по моето заминување“, рече Грповски.

Адвокатот Љубомир Михајловски по завршувањето на рочиштето рече дека средствата не се искористени за лекување.

„Пари се одобрени од Фондот. Паричните средства, решенијата и формалностите не биле причина девојчето, сега погинатата, да не биде лекувана во странство“, рече Михајловски.

Следното рочиште од случајот за малата Тамара е закажан за 4.март кога ќе се сослушува уште еден сведок.

                                                                                                                          Х.С.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе