Кривичен суд

Во жолта торба беа однесени парите на Силјан Мицевски, судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 15 aприл

Авторот на проектите за Домовите за стари лица, Лилјана Тодорвска попладнево сведочеше на рочиштето за „Меѓународен сојуз”. Таа рече дека по препорака на министерката Мила Царовска летото 2017 година присуствувала во Музејот на современа уметност (МСУ) на основањето на невладината „Меѓународен сојуз Скопје”.

„Таа ми посочи ден, место и време кога ќе се основа. Симпатично бев изненадена од лицата кои присуствуваа. Тука и се запознав со Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска“, изјави сведокот Тодоровска.

Таа во продолжение на сведочењето рече дека од кога се запознала со Бојан Јовановски, го потпишала договорот за соработка меѓу неа и невладината Меѓународен сојуз Скопје.

„Ја потпишав само последната страница. Јасна ми рече дека осум е часот и дека ќе го види утре. Неколку пати барав да го видам, но никогаш  немаше време“, изјави сведокот Тодоровска.

Таа посочи дека овој договор ќе се реализирал кога ќе се појави ивеститор. Сведокот посочи дека после некое време потпишала договор и пред-договор со Силјан Мицевски, односно само пред-договор со „Дрим билдинг”.

Авторката на проектите за домовите за стари лица, сведокот Лилјана Тодоровска, кажа дека била повикана во Финансиска полиција и обвинителство, во однос на наведените проекти и исплатата на пари.

„Финансиска полиција утврди дека нема финансиски криминал. Потоа исказ дадов и пред обвинителот Наум. Тој утврди дека се е во ред со договорите и дека нема финансиски криминал. Јасна, тука праша за колку време може да ги подигнеме парите, тој рече за 15 дена“, рече сведокот Тодоровска.

„Бидејќи имав собраќајка, Јасна и Кристина дојдоа и ме земаа и отидовме во банка. Износот на парите што требаше да ги подигнеме не ми беше познат. Се потпишав на уплатниците, не се сеќавам на износот. Со мене беше Кристина, Јасна остана надвор. Во банка имав денарска сметка“, рече сведокот Тодоровска.

Одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, на сведокот и предочи документ од банка во износ од 45 милиони денари кои биле на нејзината банкарска сметка и побара објаснување дали таа има една банкарска сметка.

„Да, од овие средства 45 илјади денари беа одбиени за покривање на мојот кредит“, рече сведокот Тодоровска.

Сведокот воедно додаде дека 700 илјади евра завршиле во жолта торба на Кристина Блажевска.

Исто така, сведокот Тодоровска, посочи дека авторското право не го отстапила на невладината ,,Меѓународен сојуз”, туку само новото име што го додале.

На ова рочиште беше спомнат и поранешниот пратеник Александар Кирацоски. Обвинетиот Бојан Јовановски, бара одговор од сведокот дали од Кирацоски барал вработување на нејзиниот син. Но, судот не дозволи одговор на ова прашање. Приватна средба со лицето Силјан Мицевски, ја образложи со кажување на целата вистина за случајот, по што следеле погрдни зборови од Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска.

Сведокот Лилјана Тодоровска, во оваа прилика кажа дека нејзините проекти првпат и ги преставила на владата во 2012 година.

Обвинетата Јасна Мандиќ, побара од сведокот да појасни како давала исказ пред јавниот обвинител.

„Јас зборував со обвинителот, вие стоевте позади“, рече сведокот Тодоровска. По оваа изјава обвинетата Мандиќ, побара од судот да изврши увид во списите на обвинителство и да се утврди вистината.

На крај на судењето одбраната на обвинетата Мандиќ, приговараше на дел од изнесеното од сведокот, со образложение дека тоа што го кажа не е дел од обвинението.

Со сведочењето на двајца претставници на „Дрим билдинг”, на 15 април е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”. Испитувањето на лицето Силјан Мицевски, ќе се одвива во некое од рочиштата после 15 април.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците,Јованка Кухар, Лилјана Тодоровска, Агапи Дика и Јордан Камчев. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе