ОЈО уверува дека се постапува по сите случаи

Во зградата на СЈО има уште папки со предмети, Ристовска и Јосифовска се задолжени за безбедноста на материјалите

Во зградата на Специјалното јавно обвинителство и натаму важат безбедносните мерки, а за начинот на движење на предметите задолжени за двајца јавни обвинители од ова обвинителство. Станува збор за обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска. Од Основното јавно обвинителство за МКД.мк по вчерашната објава на текстот дека се забораваат истрагите кои ги почна СЈО, велат дека приоритет им се дава на предметите на кои се во судска постапка за да не се одолговлекуваат постапките, но се постапува и по останатите предмети. 

Понатаму, во континуитет се распределуваат предметите кои се во истражна, како и оние кои се во предистражна постапка.

„Овластувања за постапување по предмети им се дадени на јавни обвинители кои беа распоредени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во основните јавни обвинителства. Приоритетно јавни обвинители се распределуваа во предметите кои се во фаза на судење, од причина што беше неопходно да се обезбеди непречен тек на постапката. Понатаму, во континуитет се распределуваат предметите кои се во истражна, како и оние кои се во предистражна постапка", велат од Основното јавно обвинителство.

Од таму додаваат дека зависно од обемот, сложеноста на секој предмет поединечно, можно е во дел од предметите да се распределат и други јавни обвинители кои заедно ќе постапуваат во нив.

За безбедноста на предметите е обврска на јавните обвинители кои се распределени да постапуваат по нив. Обвинителките Јосифовска и Ристовска вршат контрола над спроведувањето на безбедносните мерки и нашинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори. 

„Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите продолжува да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори. Контролата над спроведувањето на овие мерки ја вршат двајца јавни обвинители", велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство од СЈО презеде 3 предмети по кои е донесена правосилна пресуда, 2 предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, 6 предмети кои се во предистражна постапка, 80 РО предмети од кои дел се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и 3 предмети по вонредни правни лекови.

Оние предмети кои се во тек на судење беа предадени на истите обвинители кои до сега ги работеа. Одлуките ги носеше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, а се постапува и по останатите предмети кои беа во фаза на истрага и предистрага.

Безбедноста на предметите е обврска на јавните обвинители кои се распределени да постапуваат по нив.

К.Д.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе