Во судот во Стразбур прифатена е уште една жалба за повреда на човековите права во случајот „Поштенска банка“

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја прифати апликацијата на Ратко Димитровски, еден од обвинетите во случајот „Поштенска банка”. Апликацијата до ЕСЧП во име на обвинетиот Димитровски е поднесена преку адвокатот Петро Јанура.

Прелиминарната фаза на испитување на допуштеност е помината, предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Обвинетиот чека правда од Европскиот суд за човекови права

„Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без постоење на законски основи. Откако обвинителниот акт беше потврден од судот, односно моите приговори беа одбиени, беше поднесена апликација до Судот до Стразбур. Со оглед на фактот што предметот од самиот почеток го следат контроверзи, а повредата на моите права е очигледна, очекуваме позитивна завршница“, вели Димитровски.

ЕСЧП претходно ја прифати и апликацијата на гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, обвинет за истиот случај.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе