Основен кривичен суд Скопје

Во случајот „Шпански скали“ се изведуваат материјални докази против обвинетите

Материјални докази против обвинетите во предметот „Шпански скали“ врз кои Обвинителството го темели обвинението, а се однесуваат на злоупотребата на службената должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје, беа изнесени на денешното рочиштето за предметот во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неколку службеници од ова министерство. 

Обвинителката Ивана Трајчева, на денешната расправа изнесе докази меѓу кои се најдоа мислења, барања, потврди, договори, известувања и предмети на кои стојат потписите на обвинетите кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело, Несовесно работење во службата.

При спроведувањето на истражната постапка е утврдено дека првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист. Ова, според обвинението, ја чинело државата 2,6 милиони евра.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, додека застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева. 

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе