Во Обвинителството за организиран криминал и корупција се проверува дали имало прислушување

Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано. Сé уште не знаеме дали и во ова Обвинителство било прислушувано, рече на денешната прес-конференција јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека во зградата на ЈОРМ неспорно е дека дека има снимени разговори.

„Прво да го завршиме вештачењето во Обвинителството за организиран криминал и корупција, па преминуваме на проверки за неовластеноста во снимањето и потоа евентуално во прислушување доколку имаме пристап на тие разговори на лица неовластено од надвор“, рече Рајчев.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку месеци на брифинг со новинарите објави дека од 30 септември 2016 година биле прислушувани фиксните броеви од телефонскaта централа во ЈОРМ и во два хард диска се снимани сите комуникации.

Централата за фиксна телефонија во ЈОРМ била инсталирана во 2013 година кога била и вселена зградата, па затоа ќе се истражува дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа дополнително било направено.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе