Во црна маичка со порака на хрватски, Југ ја дочека 12-годишната затворска казна

Со маичка на која е испишан текст на хрватски и мирно, без многу емоции Игор Југ ја дочека затворската казна од 12 години.

Во судница Југ дојде облечен во црна маичка на која на грбот пишува им ги продале соништата и дека нема кој да се бори за уморната земја.

„Продали су наше снове, јадни синови сухо злато бацили у блато, буѓење је било тако лепо, можда прекасно и невиној крвју плаќено. Еј уморна земјо, измучена, има ли још тко умрети за те", пишува на маичката која Југ ја носи на изрекувањето на пресудата.

За него судијката Добрила Кацарска пред изрекувањето на пресудата рече дека снимките покажале дека бил во Собранието и дека носел предмет на појасот.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе