За пуштањето на Јанева во куќен притвор

Во Апелациски суд итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“.

Информацијата ја потврдија судии од Апелација за дел од медиумите. Од Апелација најавуваат соопштение во текот на денот.

Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор по што таа ја напушти „Шутка“ и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Оттаму ќе го чека првото судско рочиште закажано за 3 декември.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе