Во неколку предмети одбраната побара одложување

Вмешаноста на Јанева во „Рекет“ привремено ги стопира случаите на СЈО

Во последниот период кај нас актуелен е случајот „Рекет“. Во него, освен Боки 13 и Зоки Кичеец, вмешана е и шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева. Таа е во притвор, а фактот дека, како што тврди Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ја злоупотребила службената положба и овластување предизвика реакции и во засегнатите во судските постапки. Дел од судските постапки на СЈО привремено се стопирани сѐ додека не се докаже каква е вмешаноста на Јенева во „Рекет“.

Судбината на СЈО зависи од Законот за јавно обвинителство, но судбината на предметите кои се во тек во Основниот суд Скопје зависат од постапките на Јанева.

До сега во Основниот кривичен суд во Скопје одбраната во неколку предмети му предложи на судот да ги одложи предметите се додека не се донесе конечна одлука каква е вмешаноста на Јанева во случајот „Рекет".

Одбраната на обвинетитете во предметот „Насилство во Центар" на вчерашното рочиште побара одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет".

Според одбраната, Јанева е единствен законски застапник на предметите на СЈО, а таа во моментов е во притвор.

На 12 август одложување беше побарано и „Титаник" да се одложи додека не се расчисти ситуацијата со случајот „Рекет".

„По новонастаната ситуација, сметам дека е доволна причина да се одложи денешното рочиште. Нема никаква намера за одолговлекување. Чисто како можност за предметот и правдата да се даде да се расчистат некои работи. Алудираме и на оставката од Катица Јанева", рече тогаш адвокатот Василев.

Судијата Шабани, пак, одговори дека нема законски пречки за да продолжи судењето на кое денеска се изведуваат докази.

„Зборуваме за предмети кои се во надлежност на друго обвинителство. Што ќе се докаже и што ќе се случи, ќе видиме. Нема законски пречки за одржување. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат. Нема правни пречки да продолжиме денеска", рече Шабани.

Денес одложување на рочиштето беше побарано и во предметот „ТНТ“, со истото образложение како и во претходните постапки на СЈО. 

Шефицата на СЈО, Јанева беше на распит во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа беше приведена и спроведена во притвор како осомничена за „Рекет“. 

Вчера за нејзиниот статус во СЈО расправаше и Советот на јавни обвинители од каде едногласно беше одлучено дека постојат елементи за таа да биде разрешена. 

Решението за разрешувањето на Јанева треба да биде испратено до Собранието. 

К.Д.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе