По поднесената кривична пријава од Левица која беше одбиена

Вишото јавно обвинителство го задолжи ОЈО Скопје да ја продолжи постапката за кривичната пријава против Ангеловска

Вишото јавно обвинителство по увидот во жалбата и списите кои се однесуваат на кривичната пријава против ексминистерката за финансии Нина Ангеловска, со обвинение дека ги повлекла своите пари од Еуростандард банка пред таа да пропадне, донесе решение со кое го задолжи Основното јавно обвинителство Скопје да ја продолжи постапката и да ги утврди фактите, потврдуваат од Обвинителството за МКД.мк. Кривичната пријава беше поднесена од Левица. 

„Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно своите законски надлежности, по увидот во жалбата и списите од предметот донесе Решение со кое жалбата ја уважи и го задолжи Основното јавно обвинителство Скопје да ја продолжи постапката со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука која ќе произлезе од утврдените факти и докази“, стои во одговорот од Обвинителството. 

Според кривичната пријава, додека Ангеловска била на функција, наводно, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист.

Левица обвини дека со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата. 

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе