Вилма Русковска: Ако Љубомир Јовески го напушти обвинителството, си одам и јас

Не се точни неофицијалните информации дека го напуштам обвинителството и дека ќе одам во адвокати. Но, ако позицијата ја напушти јавниот обвинител Љубомир Јовески, тогаш и јас си одам од обвинителството. Ова на новинарско прашање на ТВ Алфа вчера го изјави Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

И Русковска вчера и Јовески во интервјуто за МИА велат дека со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство. Се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија тој јавен обвинител да го бираат јавните обвинители на непосредни избори. Ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата“, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе