Потребно е двотретинско мнозинство во Собранието

Ветинг во судството ќе има после изборите, најави Дескоска

Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска пред почетокот на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“, одговарајќи на новинарско прашање околу ветингот и како би се спровел.

„Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека се потребни одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 отсто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите“, додаде Дескоска.

Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека се можни повеќе варијанти, односно една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции.

„Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спроведува процесот. Тоа треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство“, рече Дескоска.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе