Весна Дамева избрана за претседател на Судскиот совет, оставка поднесе директорот на Академијата за судии и јавни обвинители

Вршителот на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители Зоран Герасимовски утрово поднесе оставка на оваа функција. Оставката тој ја соопштил пред колегите на седница на Судскиот совет, каде воедно е и член. На истата седница за претседател на Судскиот совет е избрана Весна Дамева.

На дневен ред на седницата на Судскиот совет беше избор на нов претседател.

Герасимовски се иззеде од гласањето и соопшти:

„Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата“, кажа Герасимоски.

Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.

Потоа, за претседател на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева.

Инаку, претходно оставка од претседателската позиција на Судскиот совет поднесе Павлина Црвенковски, која кажа дека против неа се водела медиумска кампања зашто нејзиниот избор „не ѝ одговал на судската - бизнис елита“. Денеска Црвенковска не присуствуваше на изборот на нејзина наследничка.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе