Сведочење на ексразузнавачот во „Таргет-Тврдина“

Верушевски тврди дека Груевски, Грујовски и Бошковски се „виновници“ за прислушувањето

Поранешниот шеф на УБК Зоран Верушевски при денешното вкрстеното испрашување за случајот „Таргет – Тврдина" наведе дека бегалците Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски несомнено поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ја предаде во Специјалното јавно обвинителство.

Никола Груевски треба да биде првообвинет во случајот за нелегалното прислушување. Тој заедно со другите двајца бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски се фокусот на креацијата на документацијата, рече Зоран Верушевски во неговото денешно сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што се друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение“, рече Верушевски.

Тој за материјалите од прислушувањето и денеска зборуваше со терминот документација.

Сведокот индиректно го обвини СЈО што Груевски, Грујовски и Бошковски не се присутни во државата, како и на ова судење, потенцирајќи дека, според него, тие тројца се главни „виновници".

Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура се наоѓа во рацете на луѓето кои се во Грција и во Унгарија, додаде Верушевски.

Ексразузнавачот потенцираше дека мандатот на СЈО од тоа време до денес е со цел да се урне митот дека таа документација е сечена и лепена.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

Фото: Роберт Атанасовски

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе