По неколку часа распит

Вељаноски на заминување од Обвинителството кусо одговори дека се одзвал на поканата

По неколку часа, поранешниот собраниски спиекер Трајко Вељаноски си замина од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција каде беше повикан за настаните од 27 април. На излегување од зградата, Вељаноски кратко пред медиумите изјави дека бил поканет на распит и дека се одзвал на поканата. 

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година.

Во оваа постапка освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК кој се бара со потерница.

За Вељаноски судија на претходна постапка побара притвор, но Собранието не гласаше во рокот, и не му беше одземен пратеничкиот имунитет.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе