Поранешниот спикер во ОЈО за организиран криминал

Вељаноски на распит кај Рускоска за насилството од 27 април

Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски утрово дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на распит за настаните од 27 април,2017 година во Собранието на Република Македонија. Во оваа постапка тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. 

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. 

Во оваа постапка освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК кој се бара со потерница.

За Вељаноски судија на претходна постапка побара притвор, но Собранието не гласаше во рокот, и не му беше одземен пратеничкиот имунитет. 

Тој во постапката за 27 април за која беше изречена и првостепена пресуда беше сведок и со часови одговараше на прашањата на обвинителката, на обвинетите и нивните адвокати, како и на судијката Добрила Кацарска. 

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе