Кривичен суд

Вчера заврши рокот за поднесување барања за амнестија, денеска продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Вчера заврши рокот до кој лицата вмешани во настаните во Собранието од 27 април минатата година можеа да достават барање за амнестија, согласно Законот за амнестија. Околу 70 лица се инволвирани во случувањата од 27 април, а вкупно 33 се обвинети во судскиот процес за 27 април, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Во скопскиот Кривичен суд пристигнале вкупно 62 барања, од кои 27 во Одделението за организиран криминал и корупција и 35 во Одделот кривично полнолетни. Рокот беше до полноќ, а траеше пет дена откако Законот беше објавен во Службен весник.

Од Кривичен вчера соопштија дека ќе бидат земени предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до Судот по пошта.

Меѓу оние кои досега поднеле барање, се пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Абдулфета Алими, Борис Дамовски...

Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ, кои се меѓу 33-та обвинети за настаните од 27 април, изјавија дека нема да бараат милост, туку правда.

Барање за амнестија може да поднесат и веќе осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и за нападот на министерката Радмила Шекеринска. Адвокатите на Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор за делото „насилство“, врз Шекеринска при упадот во Собранието на 27 април и на Никола Војминовски осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство врз Зијадин Села, потврдија дека поднеле барање за амнестија.

По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Македонското Собрание, го донесе Законот на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе