Судски совет

Вангеловски на одмор ќе оди пак како претседател на Врховниот суд, Панчевски суспендиран

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и оваа точка ја одложил за после годишните одмори. На седницата денеска е суспендиран поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. 

Како што е наведено во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за утврдување на престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

Членовите на Судскиот совет донеле одлука Комисијата за утврдување на одговорност да се задолжи да го дополни Извештајот поради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба, како и одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија. Се работи за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски против кого има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, која сè уште не е завршена. Против Панчевски, обвинителството поднесе обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

Според обвинителството, Панчевски е обвинет за местење на 50 судски предмети кои ги делел кај судии по свој избор, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен случаи на редовното обвинителство, Панчевски рачно делел и предмети што го водело Специјалното јавно обивнителство.

На седницата, како што стои во соопштението, е одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Од Судскиот совет информираат дека на оваа седница се донесени одлуки по 32 барања за повторно оценување на судиите.

Втората точна од дневниот ред, односно донесување одлука за времено упатување на судија во Основниот суд Берово е одложена.

 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе