ОЈО за гонење на организиран криминал

Утре Русковска ќе поднесе обвинение до судот за случајот „Рекет“

Обвинителството за гонење на организиран криминал утре до судот ќе го поднесе обвинителниот акт за случајот „Рекет“, потврдуваат од таму за МКД.мк. Вчера пред обвинителката Вилма Русковска исказ треба да даде првоосомничениот Боки 13, но поради влошена здравствена состојба тој заврши во болница. По направениоте испитувања осомничениот повторно беше вратен во Истражниот затвор во Шутка. 

Второосомничениот е Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор, додека третоосомничената, поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, одлучи да не дава исказ.

Случајот „Рекет" Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе