Случај „Рекет“

Утре Боки 13 ќе дава исказ пред Русковска

Првоосомничениот во случајот „Рекет", Бојан Јовановски - Боки 13 утре од Истражниот затвор во Шутка ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе треба да даде исказ, потврдија за МКД.мк од Обвинителството. Според најавите, осомничениот во 12 часот ќе треба да одговори на прашањата на обвинителката Вилма Русковска. 

Уводот во доказите што ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги има против осомничените, заврши. 

Јовановски утре за прв пат треба да даде исказ за обвинувањата за „Рекет“. 

Засега нема информација кога ќе даде исказ поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Јовановски, второосомничениот Зоран Милевски - Кичеец и Јанева се осомничени за изнудување 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој го гонеше СЈО, со ветување дека ќе му ја прекинат истрагата за „Империја“.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе