Уставниот суд укина Решение за градба на хотелски комплекс на Дојранското езеро

Уставниот суд на последната седница го укина Решението на градоначалникот на општина Дојран од мај 2018 година, со кое се одобрува изградба на хотелски комплекс затоа што, според судот, не била во целост почитувана постапката за донесување на решението и со тоа се повредени темелните вредности на уставниот поредок на Македонија.

Уставниот суд утврдил дека не била во целост почитувана постапката за донесување на решението и со тоа се повредуваат владеењето на правото, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина.

„Дојранското езеро е прогласено за споменик на природата согласно закон со којшто е утврден посебен режим на негова заштита. При донесување на оваа одлука, Судот направи анализа на Законот за прогласување на Дојранското езеро за споменик на природата и во таа насока утврди пропуст во постапката за донесување на конкретната локална урбанистичко-планска документација, односно Уставниот суд констатира дека не е испочитувана обврската за обезбедување на согласност од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така оваа обврска е пропишана и во Законот за заштита на природата", пишува во дел од одлуката на судот.

Дополнително, Уставниот суд утврдил дека нема доказ дека одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина е објавена на веб-страницата на општината, што претставува законска обврска во постапката за донесување на плански документи со коишто се уредува и планира просторот.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе