Уставниот суд нема да оценува дали Талат Џафери и Артан Груби биле уставно избрани на нивните функции

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието во 2017 година и за првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби.

„Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор. Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите“, инфоримира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Судот одлучи и да не поведе постапка за членови од Деловникот на Владата што се однесуваат на прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите, бидејќи се смета дека ваквиот начин произлегува од одредбите на Законот за Влада, а во случајот тоа се разработува и со Деловникот на Владата, информираа од уставниот суд.

 

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе