Уставниот суд ќе расправа дали пратеникот Милошоски бил дискриминиран по политичка основа

На денешната седница на Уставниот суд на дневен ред е предметот во кој пратеникот Антонијо Милошоски го оспорува обвинението за случајот во јавноста познат како „Моќник" и тврди дека му се суди само поради тоа што е член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Подносителот наведува дека му е повредено правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност и политичко уверување предвидено во член 110 алинеја 3 и член 9 од Уставот, со покренување на обвинение кое потоа е одобрено од судија за оценка на обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје. Во барањето е наведено дека содржините на претходно наведените докази јасно укажувале дека обвинителниот акт КО.број 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство Скопје, кој бил поднесен до Основниот Кривичен суд Скопје и Решението 11-К.ООА. број 96/2020 од 7 октомври 2020 година на судијата за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје – Кривичен оддел, со кое биле одбиени приговорите како неосновани, биле донесени од неетички и малициозни причини и тоа било исклучиво со цел да се врши притисок и политичка дискредитација врз подносителот на барањето- Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од Уставниот суд.

Освен на Милошоски во случајот „Моќник" им се суди и на неговиот татко и на уште десетина други обвинети. Сите се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта, општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница но и за тоа како е нарачана и извршена лустрација на сега веќе починатиот судија Драги Билески.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе