Уставниот суд информира дека предметот е заведен како У.бр.21/2022 и дека е по иницијатива на подносителот на скопскиот адвокат Драган Пешевски.
Со иницијативата се оспорени следните одлуки:
-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година.
-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година
-Одлука за отстапување со стопанистување на водоводот од кој се снабдува хотел Радика во Леуново донесена на 32 седница одржана на ден 25.10.2019.
МКД.мк повеќе пати пишуваше за проблемот со урбанистичките планови, како и дека „Адвокатското друштво Пешевски и Тимовски“ во име на здружениетo „Спас за Маврово“ кого го застапува „про боно“, поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на овие одлуки на Советот на Општина Маврово Ростуше.
Според подносителите на иницијативата одлуките за урбанистичките планови се донесени спротивно на законски утврдените прописи, без согласност на Националниот парк Маврово и без прибавено мислење од Министерството за животна средина.
Покрај тоа, сметаат дека со одлуките, општината покрај тоа што не е надлежна за издавање дозволи во „зелена зона“, меѓу другото, делувала спротивно на Законот за заштита на природата, без да се спроведе постапка за оценка на влијанието врз природата.