Обвинет за 27 април

Уште во 2016 директорот на УБК наредил да се запалат домовите на Шекеринска и Шилегов

Захарие Симовски е уште еден од обвинетите за 27 април кој вечерва во Кривичниот суд ја изнесуваше неговата одбрана. Тој во судница кажа дека учествувал во настаните од 27 април, како и претходно во протестите со иницијативата „За заедничка Македонија“, и тоа по наредба на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа кому му бил личен телохранител од 2015 година. Тогаш запознал уште тројца од обвинетите-Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски и Дејан Давидовски-Дешо, кој е во бегство. Сите тие му биле обезбедување на Нинџа.

Симовски во неговото сведочење кажа дека Нинџа примал наредби од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, и од началникот во Управата Никола Бошковски, со кои бил во постојана комуникација. Најчесто средбите ги одржувале во кафе барот „Аристократ“, каде, според Симовски, имало галерија која била наменски уредена за вакви средби. Симовски сведочеше дека по средбите бил известен од неговиот шеф дека имаат „одврзани раце“ и оти ќе бидат заштитени од државата. Нинџа му дал и пиштол за кој му рекол да го носи по потреба.

Во предизборната кампања за парламентарните избори во 2016, како што раскажа Симовски, тие како телохранители на Нинџа дејствувале како втор обрач обезбедување на Никола Груевски.

„Одевме во секој град каде имаше митинг и се поставувавме како втор обрач обезбедување. Кога се увиде фактичката состојба дека изборите се прилично неверодостојни лицата од УБК почнаа зачестено да доаѓаат во Аристократ и да се движат зачестено со Нинџа. Воедно правеа планови што би се случувало ако ВМРО-ДПМНЕ загуби на изборите. Потоа ни беше дадено насока да одиме на протестите пред ДИК “, сведочеше Симовски.

Бидејќи протестите не биле насилни, Нинџа им понудил на двајца членови на навивачката група Фемили Аеродром да се приклучат на протестите за да има повеќе млади и им навестил немири. Во замена им нудел да им помогне на нивни другари кои се затвор за престојот таму да им биде попријатен. Тие го одбиле, па потоа Нинџа стапил во контакт со патриотските здруженија.

Симовски сведочеше и дека во 2016 година на протестите пред ДИК кога чекале наредба да прават нереди и да фрлаат со молотови коктели, биле известени од Нинџа дека директорот на УБК Атанасовски дал наредба да се запалат домовите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов и автомобилот на Љубомир Фрчковски.

„Јас имав задача да ги најдам локациите и ги известив дека во домовите на таргетираните лица нема никој, како и дека бараното возило на Фрчковски, не е на паркингот пред неговиот стан. За среќа не дојде до таков настан”, истакна Симовски.

Обвинетиот рече дека учествувал и на протестите на „За заедничка Македонија“ на кои најчесто тргнувале од пред ТЦЦ Плаза и многу често неговиот шеф Нинџа влегувал во зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не знам со кој се среќавал, но по негово кажување се среќавал со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и одел во кабинетот на Никола Груевски”, рече обвинетиот.

На 27 април во кафе барот „Дион“ стигнал околу 14 часот, а претходно му било јавено да го земе оружјето, кое, како што наведе, никогаш не го употребил. 

„По 18.40 со маските на главата се упативме кон Собранието. Правевме притисок на вратата, но не се отвораше. Одеднаш, вратите одвнатре се отворија. Го видов Владо Јовановски, ја смируваше толпата. Се упативме нагоре кон салата Длаборез. Полицијата не реагираше, нè пушти горе. Внатре во прес салата, кога членот на обезбедувањето на Спасовски истрела еден куршум, Игор Југ го репетираше пиштолот, а јас само го допрев мојот пиштол преку облеката", рече Симовски, додавајќи дека влегле во салата и потоа излегле и сите од групата се нашле пред споменикот во паркот „Жена-борец".

Таму констатирале дека се измамени и изиграни од власта, посебно од УБК која најчесто ги контактирала и организирала групите. Таму дошол Никола Бошковски од УБК и кажал дека на плоштад има луѓе, Албанци со бомби, чекаат само знак. Нинџа рекол: „Има и тука луѓе што знаат да пукаат“. Одговарајќи на прашање, обвинетиот рече дека не е сигурен но мисли оти и обвинетиот Јане Ченто носел оружје.

На почетокот на изјавата на обвинетиот, неговиот адвокат пред поставувањето на прашањето рече дека очекува од Симовски денеска да биде третиот херој кој ќе ја каже вистината со цел да се дојде до правдата.

Пред него, свои искази од настаните дадоа браќата Стефан и Михаил Младеновски.

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе