Измени во Законот за ЈО

Уште пет дена за решение за судбината на Јанева, нејзиниот тим и предметите на „Т“

Собраниската расправа за разрешување на Катица Јанева се очекува да биде свикана за утре. Според гласањето во Комисијата за избори и именувања, едногласно од сите пратеници на политичките партии, утре не би требало да има проблем во однос на обезбедувањето на двотретинското мнозинство. Комисијата за избори и именувања предложи разрешување на Катица Јанева, која е во притвор осомничена за случајот „Рекет“, од функцијата специјален обвинител.

Останува отвоорено прашањето за тоа што ќе се случува со предметите на СЈО кои се процесуирани и како ќе продолжи процесот на расчистување со аферите на криминал и корупција кои произлегоа од „бомбите“.

Јавното обвинителство официјално соопшти дека ги презема предметите на Специјалното јавно обвинителство по добиената согласност од Јанева, писмено испратена од притвор.

За Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител, нема ништо спорно во неговото прифаќањена согласноста од Јанвеа и дека „почнува работата на техничките прашања за примопредавање на предметите“. Јовески не виде ништо спорно и во предлогот за испраќање на Јанева во притвор.

Правните експерти предупредуваат дека политиката во никој случај не смее да застане на патот на процесот на трансферирање на предметите од СЈО во ЈО, за кое сметаат дека има капацитет да ги продолжи постапките.

Се отвора и прашањето за судбината на т.н. бомби кои биле наменети исклучиво за Специјалното јавно обвинителство. Дали со преземањето на предметите од СЈО во ЈО, редовните јавни обвинители ги имаат овластувањата согласно Законот на СЈО и дали нелегално снимените разговори можат и понатаму да бидат доказ во постапката. Дали со укинувањето на СЈО треба да бидат уништени и „бомбите“?

А освен несогласувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на измените во Законот за ЈО, проблеми има и во владината коалиција. Високи претставници на ДУИ велат дека законитоста на одлуката на републичкото Јавно обвинителство за преземање на предметите од Специјалното јавно обвинителство е под знак прашалник.

„Законитоста на една одлука донесена во услови кога поднесителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собрание, е под голем знак прашалник и ги споделувам резервите на дел од политичките партии кои не се дел од преговорите, фелата и јавноста, но секој си сноси одговорност за своите постапки, било тоа да се политичари, обвинители, судии. Мора да постои правна извесност и одлуки што се законски, општо прифатливи и влеваат доверба кај граѓаните. СЈО веќе е беспредметно“, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

За ВМРО-ДПМНЕ писмото на Јанева до Јовески со кое таа ги овласти обвинителите-помошници да ги предадат случаите во Јавното обвинителство, е координирана акција на власта и обвинителството.

Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања вели дека Владата треба да биде подготвена да се откаже од својот монопол врз јавните обвинителства за да ги олесни процесите.

Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека евентуалното непрофесионално и незаконско работење на Катица Јанева треба да се утврди во судска постапка. Заев додава дека најдобрите решенија ќе се најдат преку правни патишта.

Преговорите на работните групи на партиите за измените во Законото за ЈО продолжуваат и утре. А за утре е најавена и лидерска средба помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Решение за СЈО мора да се најде до 15 септември, кога завршува мандатот на Катица Јанева, а со тоа и на целиот нејзин тим во обвинителството.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе