Собрание

Уште не почнаа, завршија, работните групи пак не постигнаа договор за Законот за Јавно обвинителство

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за Законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор.

Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив има суштински разлики во ставовите и дека ќе остават простор во партиите повторно да бидат разгледани сите точки со цел нивно усогласување.

Пред средбата на работните групи министерката Дескоска истакна дека не може да биде оптимист знаејќи со кого преговара, но оти ќе направат сѐ од нивна страна да има стандарди во законот и ќе покажат добра волја таму каде што има простор.

Дескоска рече дека имаат волја да отстапат до таму до каде што ќе се придржуваат во рамки на европските стандарди и дека надвор од тоа нема да отстапуваат.

„Имаме повеќе клучни разлики, процедурата за заштитни механизми, именување на обвинител на челото на новото обвинителство, потоа дали воопшто ќе има ново обвинителство – постои разлика, и трето преодот на случаите, водењето на случаите, значи да се направи солидна правна рамка ако веќе го укинуваме Законот за СЈО, треба тие работи да бидат правно изрегулирани со цел да нема никакво сомневање“, рече Дескоска.

Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе