По трите малолетни девојчиња што пријавија полови дејствија

Уште една девојка го пријави тренерот по џудо од Прилеп: сексуално ја вознемирувал како дете, го пријавила кога станала полнолетна

Четириесет и шестгодишниот Р.П. од Прилеп, инаку тренер по џудо, два месеци е во притвор. Кога во јануари беа поднесени кривични пријави под сомнение дека извршувал полови дејствија врз три малолетни ученички што му биле доверени да ги тренира, во јавноста се крена бура околу овој случај. Два месеци потоа некако јавноста ги подзаборави и тренерот по џудо и случаите за кои е пријавен. Но по пријавата од трите малолетни ученички, додека трае истрагата, уште една девојка се охрабрила да прозборува и да го пријави истиот човек.

Според податоците во Обвинителството, девојката што дополнително го пријавила тренерот за сексуално вознемирување и полови дејствија сега е полнолетна, а според пријавата, кога тој ги вршел дејствата, таа била малолетна. Бројот на жртвите во оваа истрага сега е четири.

Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата не се открива, бидејќи по последната пријава се постапува.

Во Обвинителството се сослушани и трите малолетнички што се водат како жртви во оваа постапка, како и сведоци што може да помогнат во решавањето на овој случај. Докази за тоа дали пријавите се издржани Обвинителството собира и од мобилниот телефон и од компјутерот на пријавениот тренер. Овие уреди за комуникација се предадени на вештачење што треба да открие што се случувало и што сѐ има во мобилниот телефон и лаптопот на тренерот поврзано со кривичните пријави.

„Предметот е во фаза на истражна постапка. До овој момент преземени се повеќе дејства - испитани се три деца-жртви со примена на мерки на посебна заштита и снимање со апарат за визуелно-тонско снимање, а испитани се и повеќе сведоци на околности релевантни за разјаснување на кривично-правниот настан. Дополнително, примена е кривична пријава од уште едно оштетено лице, кое е полнолетно, но за дејствија што биле извршени додека била малолетна, чии наводи се испитуваат. Освен ова, издадена е наредба за вештачење на компјутер и мобилен телефон одземени од осомничениот, а вештачењето е во тек. Јавниот обвинител побара и податоци од Џудо-федерацијата на РСМ. Осомничениот сѐ уште се наоѓа во притвор“, се вели во одговорот од Обвинителството на прашања на МКД.мк.

Од таму не ни кажаа дали е побарано или направено полиграфско тестирање на осомничениот тренер, кој на крајот на јануари годинава доби 30-дневен притвор под сомнение дека извршувал други полови дејствија пред 3 малолетни ученички што ги тренирал.

Според истрагата, тој ги допирал девојчињата, ги бакнувал, им влегувал со соблекувалните и им пуштал да гледаат порнографски материјали. Дел од овие дејствија се случувале пред и по тренинзите, но еднаш и на службено патување кога гостувале на натпревари надвор од Прилеп.

Основното јавно обвинителство Прилеп на 25 јануари поведе постапка против тренерот по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.

„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца што наполниле 14 години – ученички што му биле доверени заради тренирање и воспитување“, соопштија пред два месеци од Обвинителството.

Против тренерот од Прилеп постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Истрагата ќе ги открие деталите, а доказите ќе му дадат правец на обвинителот што постапува во овој предмет за натамошното преземање мерки. 

К.Д.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе